Куќа вредна 450.000 евра, часовници од над 50.000 евра – Мицкоски пријави што поседува

Премиерот Христијан Мицкоски вчера го објави анкетниот лист во кој е наведена неговата имотна состојба.

Според приложеното, Мицкоски има куќа во Влае купена за 26,8 милиони денари (450 илјади евра), имот кој го стекнал со купопродажен договор во 2014 година, кога бил професор на Машинскиот факултет во Скопје.

Тој пријавил и девизен влог во евра, но не напишал кој е износот на девизи во штедната книшка. Премиерот има и долг, односно потрошувачки кредит во износ од 400 000 денари.

Мицкоски во анкетниот лист не пријавил дека поседува моторно возило, но пријавил дека има два часовника кои ги поседува од 2015, односно 2016 година. Едниот часовник чини чини 2 384 202 денари или околу 39 илјади евра, додека другиот часовник е 824 052 илјади денари или околу 13,5 илјади евра.

Премиерот пријавил и дека од 2016 година поседува уметничка слика која вреди над 600 илјади денари или околу 10 илјади евра.

Мицкоски е професор на Машински факултет веќе 10 години,  беше директор на ЕЛЕМ и советник за енергетика на поранешниот премиер Никола Груевски, а веќе 7 години е лидер на ВМРО ДПМНЕ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде