Од запад кон територијата на Македонија се приближува голем бран на влажна и нестабилна воздушна маса која во следните часови и вечерва во најголем дел од Македонија ќе услови многу нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На повеќе места повторно ќе има појава на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да предизвика поројни поплавувања, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град кој повторно би можел да биде крупен.
Поради ваквата состојба, апелираме граѓаните да бидат многу внимателни, односно во случај на појава на силно невреме и на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на крупен град и на силен ветер автомобилите да се заштитат.
И во Скопскиот регион во следните часови и вечерва повторно ќе има појава на повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината има услови и за ново посилно невреме.
Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. Во Скопје таа ќе достигне до околу 31 степен.