ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Трагичен настан се случи денеска на Халкидики кога 13-годишно девојче го загуби животот откако го удри гром.

Трагичниот инцидент се случил околу 16 часот и 30 минути кога девојчето било на плажата Посеиди,

на песокот, а според првичните информации полесно е повредена и нејзината мајка.

Времето на Халкидики денеска е лошо со обилни врнежи од дожд.

Полициската управа Касандра води прелиминарна истрага за инцидентот, пишуваат грчките медиуми.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде