Страотна сообраќајна несреќа, три лица итно пренесени во болница

На 27.06.2024 година околу 20.30 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај месноста „Сатеска“, патнички автомобил „Рено Флуенце“, со охридски регистарски таблици, што го управувал З.Ј.(63) од Охрид, излетал од патот.

-Возачот и три лица-сопатници во автомобилот, со медицинско возило се пренесени во Општата болница во Кичево каде, кај сопатникот Б.Ј.(33) од Охрид, биле констатирани тешки телесни повреди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Возачот З.Ј. и вториот сопатник С.Ј.(61) од Охрид, се здобиле со телесни повреди додека кај третиот сопатник, М.С.(35) од Охрид, не биле констатирани повреди.

Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде