Автомобил удри малолетничка, со тешки повреди итно пренесена во болница
На улицата „Партизанска“ во Струга вчера патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски таблици, што го управувала Е.Х.(51) од ресенското село Крани, удрило во малолетничка од струшкото село Радолишта.
Малолетничката е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде и се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и полициски екипи.