Од власта со убава вест: Од утре започнува исплатата на паричните надоместоци за поддршка на семејствата на основци и средношколци која беше ветена, а нереализирана

Паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци која беше ветена, а нереализирана од претходното владино раководство, Министерството за образование и наука информира дека ќе започнат да се исплаќаат од понеделник.

На првиот работен ден од мандатот, министерката за образование и наука Весна Јаневска ги задолжи надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски обврски по секој еден ученик чие семејство ги исполнува условите и има поднесено апликација за остварување на ова право.

Врз основа на доставениот извештај, се направи план со динамика на исплата којa започнува од утре.

Наместо краткорочни неквалитетни решенија, учениците и нивните семејства заслужуваат вистинска и континуирана системска поддршка за олеснување на воспитно – образовниот процес и за надминување на предизвиците со кои секојдневно се соочуваат последните неколку години.

Со доаѓањето на новата Влада, младите ќе бидат во фокусот на политиките, а квалитетот на образованието и можностите за реализација на личниот потенцијал во границите на својата земја, плански и континуирано ќе се зголемуваат. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде