„Многу жално и многу болно. Славејот ни пее, а мене душата ме боли. Почивај во мир ангелу незаборавен…“ – сестрата на Далибор со потресни зборови

Поминаа скоро девет месеци од ненадејната смрт на познатиот македонски пејач и композитор Далибор Даки Ѓошиќ.

Далибор имаше 41 година и зад себе остави малолетно дете, а неговото ненадејно заминување беше шок за многумина.

Тој ќе остане запаметен по неговите бројни песни, но и како колега кој беше сакан од сите и голем другар, секогаш спремен да помогне секому.

Неговата прерана смрт ги потресе сите, посебно што никој не знаеше дека е болен. Неговото заминување остави длабока празнина и во македонската култура, посебно во музиката, бидејќи тој беше и автор на бројни убави песни со народен дух.

Сепак, најтешко им е на најблиските, за кои болката нема никогаш да помине, за што сведочи и сестрата на Далибор, Ива Ѓошиќ.

„Многу жално и многу болно. Славејот ни пее, а мене душата ме боли. Почивај во мир ангелу незаборавен“, пишува во еден од коментарите на профилот Ива на социјалните мрежи…

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: Гламур

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде