Откорнати кровови, паднати дрвја: Силно невреме го погоди Валандово, се огласи градоначалникот

Силно невреме попладнево го погоди Валандово.

„Општина Валандово е зафатена со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град“, објави УХМР.

По силното невреме се огласи и радоначалникот Костадинов.

„Нашите општински служби, ТППЕ и ЈП Комунален Сервис се на терен по големото невреме кое ја зафати општина Валандово.

Настанатите штети ќе можат да се пријават од утре во архивата на општина Валандово.

Да бидеме внимателни, смирени и солидарни“, напиша градоначалникот на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде