Ужас во Македонија: Го киднапирале и го натерале да се самозапали

Денеска во 00.37 часот во СВР Скопје од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во индустриска зона Ќојлија,

а малку подоцна од страна на полициски службеници од ГП Меѓународен аеродром Скопје било пријавено дека во нивниот објект со повреди од изгореници дошол Б.А.(24) од Скопје, кој кажал дека од неколку лица бил насилно пренесен со возило од нас.Ченто до Ќојлија.

Според пријавеното, лицата со закана го натерале да се запали, по што избегале, а тој успеал да го изгасне огнот, од кој бил зафатен и помошен објект во близина.

Повредениот Б.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде