Страотна несреќа: Се преврте возило, две лица со тешки повреди итно пренесени во болница

Вчера во 07.00 часот во Полициската станица Демир Хисар било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, на место викано „Чагор“,

патничко возило „фолксваген шаран“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Н.Р. од Крушево, излетало надвор од коловозот, извести МВР.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите сопатници М.К.(18) од с.Врбоец, крушевско и П.Р.(45) од Крушево, констатирани во Клиничка болница Битола“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Демир Хисар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде