Од овој викенд територијата на Македонија повторно ќе биде под влијание на топол бран од Африка и истиот ќе предизвика позначителен пораст на температурите на воздухот,
а времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека утре (недела) тие насекаде ќе бидат над 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до близу 40 степени.
Во Скопје викендов температурата ќе се движи во интервалот помеѓу 34 и 36 степени.
Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува коефициент 9, па така апелираме без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот. Исто така граѓаните да пијат и повеќе течности.