На 05.07.2024 во 21.10 часот во Полициската станица Свети Николе, било пријавено дека на ул.„Септемвриска“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“,
управувано од П.О.(23) и мотоцикл „шинера“, управуван од малолетничка, двајцата од Свети Николе, а двете возила со светиниколски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.