Филмскиот продуцент Џон Ландау, добитник на Оскар, почина на 64-годишна возраст.
Како што пишува „Вариети“, Ландау починал од рак.
Ландау е роден на 30 јули 1960 година во Њујорк, а за продукцијата на филмот „Титаник“ (Titanic) доби Оскар. По ова, тој соработуваше со Џејмс Камерон на уште неколку проекти, меѓу кои и на двата дела на „Аватар“ (Avatar), како и на третиот дел кој допрва треба да излезе.
„Титаник“, за кој продуцентот доби Оскар, стана првиот филм со повеќе од милијарда долари на светските благајни, додека овој рекорд го надминаа уште два филма на Ландау – „Аватар“ во 2009 година и продолжението „Аватар: Патот на водата“ (Avatar: The Way of Water) од 2022 година.
Тој, исто така, ги продуцираше филмовите „Соларис“ (Solaris) од 2002 година, „Алита: борбен ангел“ (Alita: Battle Angel) и беше копродуцент на „Дик Трејси“ (Dick Tracy).
Ландау е роден на 30 јули 1960 година во Њујорк во семејство на продуценти. Дипломирал на Универзитетот во Јужна Калифорнија.
Ландау бил во брак речиси 40 години со сопругата Џуди, со која има две деца Џејми и Џоди.