Балканот тагува: Имаше само 31 година, почина познатиот музичар и продуцент

Босанскиот музичар и продуцент Златко Карахоџиќ почина на 31-годишна возраст по кратко боледување, јавува телевизијата Н1.

Адмир Чулар, член на сараевската рап група „Хелем нејсе“, се прости од Карахоџиќ на социјалната мрежа Фејсбук.

„Брате мој, душа моја, таква болка не сум почувствувал во животот. Ти благодариме за твоето пријателство, добрина и се што поминавме заедно.

Спиј мирно и одмори се. Те сака твојот Гагара“, напиша Чулар во описот на заедничката фотографија со Карахоџиќ.

Телевизијата Н1 пишува дека луѓето кои го познавале Карахоџиќ велат дека тој е вистински пријател, одговорен колега и одличен музичар и личност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде