Тешка сообраќајна несреќа, едно лице го загуби животот

Вчера во 16.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во која Д.С.. (40)

од Куманово управувајќи мотоцикл „кавасаки” со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Од страна на доктор од Итна медицинска помош Битола кај возачот е констатирана смрт на местото на настанот.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде