ОГРОМНА ТАГА По тешко боледување почина легендарниот кошаркар

Кошаркарската легенда Дикембе Мутомбо почина денеска на 58-годишна возраст по тешко боледување од рак на мозокот – што ја растажи целата кошаркарска јавност.

Оваа вест ја пренесе угледниот новинар Шамс Чаранија, а од него се прости целиот НБА и кошаркарски свет.

Тој почнал да се лекува од злобната болест на 15 октомври 2022 година, па дури станал и светски амбасадор за оваа област, пренесувајќи ја пораката до сите дека треба да се остане позитивен и покрај болеста.

Мутомбо ќе остане запаметен кај фановите и целата НБА заедница по показалецот што го покажуваше во знак на негирање, говорејќи „Not in my house“, после секоја блокада врз противнички играч.

Во својата кариера настапуваше за Денвер, Атланта, Филаделфија, Њу Џерси Нетс, Њујорк Никс и Хјустон.

Влијанието на Мутомбо врз целиот кошаркарски свет беше неизмерно и оваа загуба сигурно ќе растажи многумина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде