Дали и колку ќе се зголемат пензиите во септември 2025? Еве што вели министерката Кочоска

Сè уште стојам на ставот дека треба да пораснат платите на средномедицинскиот персонал, но треба да се направат промени и кај општите лекари. Тие се со пониски плати, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Одговарајќи на прашањето чии плати во јавниот сектор ќе растат во 2025 година, освен во ресорот образование, министерката за финансии вели друг таков сектор е здравство, иако таму сè уште се чека постигнување конечен договор.

„Имаше различни предлози, ќе видиме на крај што ќе излезе како финален договор. Стојам уште на ставот (за раст на платите на средномедицинскиот персонал. н.з.), со тоа што треба да се види генерално во делот на општите лекари.

Тие се малку со пониски плати. И за капитацијата треба да се види и други работи да се променат. Зборувам за младите лекари кои завршуваат и се вработуваат“,најави Димитриеска-Кочоска.

Во однос на пензиите, тие во март ќе бидат линеарно покачени за 2 500 денари. Но, нејасно е за колку ќе бидат зголемени во септември 2025 година.

„Не сме одлучиле, јас стојам на ставот дека треба повторно да биде линеарно, колку и да излезе зголемувањето на вкупниот износ, ќе се распредели по пензионер.

Но, ќе биде под 2 500 денари затоа што параметрите кои се преземаат во пресметката се многу ниски“,вели министерката за финансии.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде