Убава вест за љубителите на зимата: Доаѓа снег – еве кога ќе има врнежи

Утре претпладне, по некои котлини ќе се појави магла, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, соопшти УХМР.

Во сабота попладне и навечер, како и во недела, ќе се очекува промена на времето под влијание на влажен бран.

Ќе има променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

На планините, а во недела и на некои повисоки места, врнежите ќе бидат од снег.

Во недела попладне и понеделник се прогнозира засилен северен ветер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде