Важна информација за сите вечерва кои патуваат: На овие патни правци бидете крајно внимателни!

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Намалена е видливоста поради магла до 30 метри од с.Гајре –Попова Шапка, крак Маврово –Маврови Анови 10-15 метри и планинските превои Ѓавато и Плетвар 50-60 метри.

Од ЈП „Македонијапат“ соопштија дека сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Со целокупната расположива механизација и работна сила, се наведува во соопштението, ЈП Македонијапат е вклучена во расчистување на патиштата.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде