ВОНРЕДНА ВЕСТ: Полицијата влезе во Судски совет

Припадници на МВР влегле во просториите на Судскиотнсовет и вршат претреси, дознава „Скопје1“ од извори во полицијата.

Според првичните информации, целта на влезот на полицијата се контроли кои се поврзуваат со постапувањето на членовите на Судскиот совет за дел на предметите.

Полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело“, велат од МВР за „Скопје1“.

Ова доаѓа откако Владата најави реформи во правосудството, а премиерот Христијан Мицкоски најави негово распуштање.

Притоа, дел од составот на Судски совет е истиот кој изгласа апелациониот судија Енвер Беџети, кој се најде на Црната листа на САД, да не биде разрешен поради чувањето во фиока на предметот „Таргет-тврдина“, туку само да му биде намалена платата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде