ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Девојка (25) загина кога албански автобус го здроби нејзиното “пунто” на обиколница кај Белград
Девојка (25) вечерва загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 17:40 часот на обиколницата околу Белград, а уште една жена на возраст од околу 45 години се здобила со тешки телесни повреди.
До судирот дошло кога автобус со албански рег. ознаки со полна брзина налетал на возило „фиат пунто“, кое од засега непознати причини стоело во место.
Автомобилот е уништен, а на лице место пожарникарите извлекувале луѓе од возилото.