Страотна несреќа: Се преврте „опел“ – четири лица итно пренесени во болница

Возило делчевски регистарски ознаки се се превртело на коловозот на магистралниот пат Кочани – Македонска Каменица, кај с.Дулица, притоа четири лица се здобиле со повреди.

„На 15.12.2024 во 21.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на магистралниот пат Кочани – Македонска Каменица,

кај с.Дулица, патничко возило „опел“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(59) од Македонска Каменица се превртело на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка О.М.(56),

а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници С.С.(59) и Т.М.(55), сите од Македонска Каменица, констатирани во Клиничка болница Штип“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде