Денеска (26.12.2024) во 01.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (26.12.2024) околу 03.00 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Ѓ.(43) и Е.А.(34), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок
На 25.12.2024 во 10.50 часот полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.Р.(36) од Битола, кој бил баран со потерница од Основен суд Битола за издржување на казна затвор од шест години и седум месеци. Р.Р. е спроведен во Казнено поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 25.12.2024 во 16.40 часот на градскиот плоштад во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ш.З.(52) од Тетово, кај кого на импровизирана тезга биле пронајдени и одземени околу сто пиротехнички средства. Тој е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (26.12.2024) во 00.10 часот во с.Инџиково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.П.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 25.12.2024 во 19.20 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.