Вечерва страотна несреќа го потресе светот: Се преврте автобус, има загинати
Најмалку три лица загинаа, а четворица се тешко повредени во автобуска несреќа што се случи во северна Норвешка, соопшти денеска локалната полиција.
Автобусот излетал од патот и делумно завршил во езерото Асватнет, во областа Хадсел на северозападниот брег на земјата.
Полицијата соопшти дека многу од патниците биле странски државјани и оти во возилото имало 58 лица, пренесе ДПА.
Несреќата се случила на пат кој го поврзува архипелагот Лофотен со копното.
Во моментот на несреќата имало лоши временски услови, јави норвешкото радио.