ВОНРЕДНО: СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Курилските острови

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Курилските острови, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот е регистриран во близина на градот Јужно-Курилск , во копното на најголемиот остров, каде живеат околу 6.000 луѓе, нешто пред 14 часот по европско време.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 152 километри.

Засега нема предупредувања за цунами.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде