Денеска во 02.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во Богданци,
патничко возило „Хјундаи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот А.П. од село Ѓавато, гевгелиско, удрило во пешакот, 25-годишниот Т.И. од Богданци.
Во несреќаат со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а констатирани во Општата градска болница во Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.