Вчера во 07.20 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-село Градец,
патничко возило „Фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 51-годишната М.Ш. од село Дебреше,
гостиварско, по претходно пролизгување на патот, удрило во бетонски столб.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш., констатирани во Ургентниот центар Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.