Свекор (51) ја силувал снаата (17), нејзиниот сопруг знаел се, но се обидел да го заштити татко му! Ужас во Србија

Татко и син од Гњилане уапсени поради сексуална злоупотреба!

Свекорот е осомничен дека ја принудил снаата на секс, додека неговиот син е обвинет дека знаел за тоа, но не пријавил во полиција.

Девојката (17) случајот го пријавила во понеделникот и наводно приложила докази за тоа.

Како што пренесуваат медиумите, приведени се Н.Б.(51) и неговиот син Ф.Б.(19) и им е одредена мерка притвор.

Оштетената го пријавила својот свекор за сексуална злоупотреба и изјавила дека нејзиниот сопруг знаел за тоа.

Откако девојката решила да го пријави случајот и да ја признае тешката ситуација која се случила во нивното семејство, полицијата уапсила двајца осомничени.

Инспекторите ги сослушале и им одредиле мерка притвор до 48 часа.

Против нив е покрената истрага и се очекува во законскиот рок да се спроведе барање за мерка за безбедност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде