Товарно возило удри во жена, со тешки повреди итно пренесена во болница

Вчера во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Леце Котески” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која товарно моторно

возило „исузу” со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А.(40) од Македонски Брод, удрило во С.С.(54) од Прилеп.

С.С. била пренесена во Градска болница Прилеп, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде