Земјотрес ја стресе Македонија – еве каде е епицентарот

Земјотрес ја стресе Македонија – еве каде е епицентарот

Земјотрес регистриран 15 минути после полноќ.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,

вечерва 1 јануари 2025 година во 00 часот и 15 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Албанија, 80 km западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.3.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од III степени Европската макросеизмичка скала.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде