Ако помисливте дека зимата си замина, се лажете: Доаѓа голем снежен бран – ЕВЕ КОГА

Славчо Попоски најави нови врнежи од снег:

Ако сте помислиле по најавата за неколку дневното затоплување на времето дека нема зима, се лажете!

Веднаш по Божиќните празници таа повторно ни доаѓа, односно ладен циклон ќе го зафати Балканот и Македонија и ќе донесе на повеќе места нови обилни снежни врнежи.

Инаку, за време на претстојните Божиќни празници територијата на Македонија ќе биде под влијание на претежно стабилна, сува  и значително потопла воздушна маса од југ, која ќе услови позначителен пораст на температурите кои ќе бидат натпросечно високи, а исто така ќе има и многу сончеви периоди.

Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.

По котлините, особено оние кои се наоѓаат во Повардарието ќе има појава на магла  и на ниска облачност, особено изразена во ноќните  и во утринските часови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде