Вчера, околу 21:30 часот во полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар после раскрсницата за село Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки,
управувано од А.Н. (38) од село Свиништа и патничко возило „пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Е.А. (35) од село Зајас.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.Н. и неговата сопатничка Д.Р.Т. (65), констатирани во Медицинскиот центар Кичево, додека вториот сопатник во возилото, С.Т. (65) од Охрид, се здобил со телесни повреди.
Кај Е.А., која го управувала возилото „пасат“, во болницата во Кичево биле констатирани телесни повреди.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево.