Шармантниот млад натпреварувач од Македонија, Коки Петрушев, беше еден од четворицата кандидати што во последната епизода од „Ѕвездите на Гранд“ успеа директно да се пласираат во следниот круг.
Тој и самиот беше изненаден што успеа да освои шест гласови, па на сцената се прекрсти и му се заблагодари на Господ.
Од друга страна Јована Раичевиќ од тимот на Марија Шерифовиќ која ја делеше сцената со Коки доби само три гласови, така што ова беше убедлива победа на Македонецот, но и на неговиот ментор Ѓорѓе Давид.
Како изгледаше неговиот настап погледнете во продолжение…