Ситуацијата на грчкиот остров е сериозна – се најавува можен земјотрес од 6 степени

Професорот по сеизмологија на Универзитетот Аристотел во Солун, Манолис Скордилис изјави дека ситуацијата на грчкиот остров Санторини е исклучително сериозна и

дека можни се земјотреси со јачина над шест степени според Рихтеровата скала, објави порталот Хелас сега, наведувајќи дека жителите постепено го напуштаат островот.

Луѓето набрзина купуваат билети за да го напуштат островот, па синоќа имаше многу долги редици пред шалтерот за билети во Фира на Санторини.

Поради големата побарувачка останаа малку билети за летовите на Егеан и Скај експрес, па неповратните билети достигнаа 200 евра.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде