„Ангелче мое, нашите планови ги срушија за миг“ – потресна објава на момчето на Фросина

Петар Ристов, момчето на младата Фросина Кулакова која беше усмртена на пешачки премин на „Партизанска“ се огласи на социјалните мрежи со емотивна објава и порака дека ќе се бори до последен здив за правда и виновникот да си ја добие заслужената казна.

„Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остареме. Нашите планови ги срушија за миг.

Ти беше личност полна со љубов и разбирање за секој еден и секогаш борбена до крај се додека не си ја постигнеше зацртаната цел. Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите а ние овде ќе се бориме до последен здив ПРАВДАТА за тебе да биде задоволена и монструмот кој те покоси и не зацрни да си ја добие заслужената казна.

Знам дека баш ти ни ја даваш оваа сила од горе за да станеме и да се бориме против сите кои придонесоа тебе да те снема на ваков суров начин. Знај дека беше и вечно ќе останеш најсакана АНГЕЛУ мој“, напиша Ристов во објава на својот Инстаграм профил.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде