Најнова вест: Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди островот Дои

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди островор Дои во привинцијата Северен Малуку во Индонезија, соопшти тамошната сеизмолошка и метеролошка агенција.

Земјотресот се случил во 04:45 часот по западно индонезиско време – се вели во соопштението на агенцијата.

Според извештајот, епицентарот на земјотресот бил во морето, на длабочина од 105 километри. Се проценува дека нема опасност од цунами.

Нема информации за евентуални жртви или штети предизвикани од земјотресот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде