Тажна вест: Почина човекот чија крв спаси повеќе од два милиони бебиња

Џејмс Харисон починал во сон во дом за стари лица во Нов Јужен Велс, Австралија, на 17 февруари, соопшти неговото семејство.

Имал 88 години, јавува Би-би-си, додавајќи дека неговата крв спасила 2,4 милиони бебиња

Во Австралија го нарекувале човекот со златна рака бидејќи неговата крв го содржела реткото антитело Анти-Д, кое се користи за производство на лек кој им помага на трудниците чија крв може да го нападне нивното неродено дете.

Австралискиот Црвен крст, кој му оддаде почит, рече дека тој решил да стане донатор откако примил трансфузија за време на голема операција на градниот кош како 14-годишен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде