ВОНРЕДНO: Трамп најави дека утре вечер ќе објави нешто големо

– Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека тој е единствениот претседател кој не му предал дел од Украина на рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека утре вечер ќе објави „нешто големо“.

„Единствениот претседател кој не дал ништо од украинската земја на Русија на Путин е претседателот Доналд Џеј Трамп“, напиша Трамп на „Трут Соушл“.

Тој истакна дека тоа треба да се запамети и покрај критиките од демократите и „лажните вести“. – Утре вечер ќе биде големо. Ќе кажам како што е, додаде Трамп.

Објавата доаѓа по напнатата средба меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба во петокот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде