Пријателот на Поповиќ раскажа случка од болницата што ги расплака сите – ова му го кажал пред да почине

Креативниот директор и основачот на „Гранд продукција“ денес беше испратен во своето вечно почивалиште.

Комеморацијата беше одржана во 10. часот, а потоа кралот на естрадата беше погребан на гробиштата во Белград.

На комеморацијата еден од говорниците беше и Предраг Павловиќ Баки кој истакна дека Саша го гледал како татко.

Комеморацијата беше завршена по неговиот говор.

Голем пријател на Поповиќ, но и на неговото семејство беше и Остоја Мијаиловиќ кој исто така имаше потресен говор.

Тој ги откри и неговите последни зборови:

„По хемотерапијата виде еден клавир во болницата и почна да свири. Тогаш, како и секогаш, собра публика околу себе и сите играа покрај него“, изјави Мијаиловиќ, а потоа го додаде и следново.

„Те прашав како си. Ти го подигна прстот кон небото и кажа: ‘Јас одам горе, а на тебе ти оставам да ми ги чуваш Сузана и децата’, а кога те прашав дали имаше нешто да му кажеш, ти ја подигна главата и рече: ‘Да, имам да ви кажам дека многу ве сакам’“, изјави Мијалковиќ за својот драг пријател на неговата комеморација.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде