Шокантно видео: Возач минува преку две полни и претекнува сè пред себе во Скопје

На несовесните возачи во градот Скопје им нема крај.

На фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ беше објавена снимка на која може да се забележи како возач со неговиот автомобил крши неколку сообраќајни правила на „Илинденска“ во Скопје.

Возачот преминува преку две полни линии, по што ја претекнува целата колона,

а на крајот поминува и низ црвено светло со што ја загрозува безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот, како возила, така и пешаци.

Извор: gladiatorvesti.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде