Уште еден случај на семејно насилство во скопско, од каде доаѓаат најголем број извештаи за вакво насилство во полициските билтени.
Во село во општината Петровец, 37-годишен насилник во 4 наутро ја нападнал поранешната партнерка и ги туркал нејзините три малолетни ќерки, а оштетил и дел од нивниот дом и покуќнината, соопшти МВР.
– На 12.03.2025 во 12.00 часот во населба на подрачјето на општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.С.(37) од скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 4 часот утрото физички ја нападнал
неговата 43-годишна поранешна партнерка, оштетил мобилен телефон, ги туркал нејзините три малолетни ќерки и со тврд предмет ја оштетил влезната врата од нивниот дом, соопштија од полицијата.
По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, додаваат од МВР.