Земјотрес со јачина од 3,4 степени утрово стресе делови во Македонија – еве каде е епицентарот
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека утринава, на 06:04 часот,
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија регистрирала земјотрес.
Земјотресот потекнува од пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин, во соседна Република Грција, на 125 километри јужно од Скопје, со локална Рихтерова магнитуда ML3.4.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.