Сопругата на еден од починатите членови на ДНК се огласи и сподели тажно видео на социјалните мрежи.
Штипскиот гитарист Александар Коларов настапуваше со ДНК и кобната вечер кога пожарот во дискотеката Пулс однесе 59 млади животи.
Тој е еден од загинатите, а во пожарот настрадаа уште седум музичари од бендот меѓу кои и еден од фронтмените, Андреј Ѓорѓиески.
Во пожарот настрада и штипскиот музичар Филип Стевановски, кој не беше само пријател и колега со Коларов, туку тие беа и баџанаци.
Имено Александар и Филип беа оженети со две сестри, Маја Крстевска од Штип, која е професорка, и Ирена Крстевска Стевановска, која исто така е дел од музичкиот свет и беше вокалистка во бендот на сопругот.
Маја сега ја сподели истата фотографија, а во описот ја означи само со два збора, но кои кажуваат многу.
„Најстудената пролет“ напиша Маја сега, во својата реобјава.
Таа потоа сподели и едно видео на кое нејзината сестра пее заедно со нејзиниот сопруг Филип, а кое беше објавено пред пет години.
И како што тогаш на Фејсбук страницата Штипска идила беше опишано ова видео, овие неколку збора како да се напишани сега.
Еве и што пишува во описот на видеото, а како звучеа Ирена и Филип заедно, слушнете во продолжение…