Халкбанк денеска изврши исплата на мартовските пензии на сите пензионери кои добиваат пензии преку банката.
Happy Friday… 😊
Драги пензионери,
Пензиите се исплатени! Од денес 28.03.2025, вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на банкоматите и преку електронско и мобилно банкарство.
Доколку сте дале согласност, можете да ги подигнете и во поштенските единици на Пошта на Македонија / Posta e Maqedonisë së Veriut.
Со почит,
Халкбанк АД Скопје
Пензионерите со исплатата на мартовската пензија треба да го добијат вториот дел од ветените 5.000 денари што владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги најави во предизборната кампања за парламентарните избори. Првиот дел од 2.500 денари од линеарното зголемување, пензионерите го добија со октомвриската пензија.