Огромна тага во домот на Вики Миљковиќ, пејачката скршена од болка

По кратко боледување со најтешката болест (карцином), на 47-годишна возраст почина братот на Вика Миљковиќ, Владица Миљковиќ.

Владица живееше во Ниш каде што водеше приватен бизнис и беше најголемата поддршка на пејачката.

Пријателите и колегите веќе се збогуваат со Владица, не верувајќи дека тој ги напуштил.

– Почивај во мир Влајко и ти благодарам за насмевките – е една од потресните пораки на неговите пријатели.

– Господ да ти ја прости душата, мој голем пријателе – напишал еден од пријателите на Владица.

Инаку, Владица Миљковиќ, бил многу талентиран за музика, а пејачката во неколку наврати нагласила дека токму преку него се заљубила во музиката.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде