Полицијата приведе 35-годишен возач – погледнете колку промили алкохол во крвта му биле измерени

Синоќа во 01.50 часот во Делчево, полициаски службеници го приведоа М.Р.(35) од Делчево.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“, кое го управувал,

и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,84 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде