Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Попладне на одредени места времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
И во Скопје времето ќе биде променливо со повремени врнежи од дожд.
Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 15 степени.
УХМР објави мапа.
Денеска (понеделник, 31 март) во источните и јужните делови на Македонија ќе биде нестабилно со поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м²), грмежи и засилен ветер.