Таравари со детали за смртта на Карадаковски

александар Карадакоски починал од големите рани по телото, а му откжале и бубрезите. Неговата смрт ја потврди и министерот Таравари.

-За жал утрово ја добив лошата вест дека почина пациент во Литванија. Тој беше најкритичен од четирите пациенти.

Од први април му откажала работата на бубрезите, беше ставен на дијализа. За жал на починатиот 40 проценти од телото му беше со изгореници.

Главниот проблем беше инфекцијата поради огромниот број рани по телото. Да се надеваме дека кај другите критични ќе се подобри ситуацијата и ќе ни се вратат во државата, рече Таравари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде