Тешка несреќа, двајца малолетници итно пренесени во болница

Тешка сообраќајна несреќа во Велес.

На 20.04.2025 во 13.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „јамаха“ со велешки регистарски ознаки,

управуван од малолетник и мопед „шинерај“ со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетеник, двајцата од Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал  мопедот „јамаха“, констатирани во Општа болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде