Трагедија во светот на спортот – почина легендарниот фудбалски голман

Реал Мадрид преку официјално соопштение изрази длабоко жалење за смртта на Хуго Гати, легендарна фудбалска личност и еден од најпознатите голмани во историјата на аргентинскиот фудбал.

„Реал Мадрид ЦФ, претседателот на клубот и Управниот одбор искрено жалат за смртта на Хуго Гати, легендарниот голман и вистинска икона на аргентинскиот фудбал“, се вели во соопштението.

Кралскиот клуб упати сочувство до неговото семејство, пријателите, поранешните соиграчи и сите клубови во кои членуваше за време на неговата богата кариера.

Гати ќе остане запаметен како фудбалер со најмногу појавувања во историјата на аргентинската прва лига – 765 натпревари во 26 сезони. Најголемиот успех го постигна со Бока Јуниорс, каде освои две Копа Либертадорес, Интерконтиненталниот куп и три шампионски титули на Аргентина.

Познат по својот ексцентричен стил и харизма, Гати секогаш отворено ја изразуваше својата љубов кон Реал Мадрид, поддржувајќи го клубот дури и во моменти на најголеми предизвици.

„Почина на 80-годишна возраст.

Нека почива во мир“, соопшти Реал Мадрид.

За време на неговата кариера, Гати играше за Атланта, Ривер Плата, Гимназија Ла Плата, Унион Санта Фе и Бока Јуниорс.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде